Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг се вклучи во трката во Демократската партија за кандидат за претседател, откако почна рекламна кампања од 100 милиони американски долари.
Инаку, Блумберг влезе во арената на демократски кандидати, покрај сенаторката на Масачусетс Елизабет Ворен, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, градоначалникот Пит Бутигиг Саут Бенд, Индијана, и поранешниот потпретседател Џо Бајден.
Иако Блумберг, чие богатство се проценува на 52,3 милијарди американски долари, цела една деценија го водеше градот Њујорк како републиканец, сепак, тој минатата година се регистрираше како демократ и стана гласен критичар на Доналд Трамп.
Колку за споредба, богатството на Трамп, според Форбс, се проценува на 3,1 милијарди долари, што е далеку под она на Блумберг.
Политичките аспирации на Блумберг ги критикуваше неговиот конкурент во редовите на демократите, Сандерс, кој почетокот на месецов на митинг во Ајова му порача на милијардерот дека нема да ги купи изборите.