Милевски: Заев е решен за оставката, следната недела нов мандатар

by fokus

Коалициските партнери кои сме во Владата имаме интензивни преговори за избор на нова влада што според мои проценки треба да се случи побрзо од што очекуваме, вели лидерот на ЛДП, Горан Милевски во интервју за телевизија Сител.

И денеска имавме средби со премиерот и решен е оставката да ја поднесе што е множно поскоро. До средината на следната недела се очекува да има искристализиран предлог за мандатар, а за десетина дена да се избере и нова влада, вели Милевски.

 

Поврзани новости