Пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски реагира на уцените родителите да ги вакцинираат своите деца. Тој на својот Фејсбук профил пишува дека жестоко ќе се противи на конзерватизмот кој се промовира.
„Правото на избор, слободата на одлучувањето, се основни човекови права загарантирани со Уставот и никој несмее да ги наруши. Никој нема право да ги уценува и присилува родителите да ги вакцинираат своите деца. Образованието треба да биде достапно за сите, а во 21 век да им се заканувате на родителите дека децата ќе им останат неписмени ако не се вакцинираат е срамота. Ги отфрлам ваквите најави и жестоко ќе се спротивставам на козервативизмот кој се промовира. Ова е класична дискриминација. Либералното општество мора да победи“, пишува Милевски на Фејсбук.