Милевски: Стојам зад репрезентацијата, фудбалерите имаат мотив!

by Fokus

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски со свое видување во пресрет на собирот на репрезентацијата за квалификациските натпревари во септември за пласман на Светското првенство.

– Сите го сакаме најдоброто и ќе се обидеме така и да изгледаме да натпреварите кои ни следуваат. Го познавам тимот, знам дека имаме амбициозни и талентирани фудбалери, но и играчи со квалитет и искуство кои сеуште се гладни за нов, голем резултат. Освен тоа, имаме неколкумина репрезентативци кои влегуваат во најдобрите фудбалски години од своите кариери, а нивниот пристап ми говори дека македонската репрезентација ќе биде во одлични раце по повлекувањето на неколкумина фудбалери. Го сакаме предизвикот и сакаме да покажеме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите. Се надевам дека сите ќе бидеме здрави и подготвени за тоа. Стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално професионални и да бидеме конкурентни, изјави Милевски.

„Црвено-жолтите“ ќе одиграат три натпревари. На 2 септември ја пречекуваат Ерменија, на 5 септември гостуваат во Исланд, а на 9 септември на домашен терен ќе играат со Романија

Поврзани новости