457
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска порача дека на општините им е потребно целосно реорганизирање, бидејќи вака само се трупаат административци.
-Градоначалниците да влезат со тимови, кои ќе имаат мандат додека трае мандатот на градоначалникот. Вака секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон. Тоа е невозможно да се издржи, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Тој рече дека Владата планира да го прошири процесот на децентрализација на локалната самоуправа и дел од надлежности на државата да преминат кај општинските власти.