Милевски: Се наоѓаме на добар пат да потврдиме зошто сме меѓу 20 најдобри селекции во Европа

by fokus

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер го игра најважниот натпревар во својата историја против Португалија. Селекторот на македонскиот национален тим, Благоја Милевски е свесен за тежината на овој натпревар.

„Ја победивме Италија, една од најдобрите репрезентации на светот, но нема да застанеме тука кога се наоѓаме на еден чекор до Светското првенство. Се наоѓаме на добар пат да потврдиме зошто сме меѓу 20. најдобри селекции во Европа – изјави Милевски.

Поврзани новости