Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината како владата на Груевски го трошела буџетот и колку длабоко навлегла во криминалот и раскрчмувањето на народните пари, истакна лидерот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, на синоќешната трибина на ЛДП во Кичево „Maкедонија после Груевизмот – либерални решенија”.
– Го охрабрувам Специјалното јавно обвинителство да влезе во беспоштедна битка со целокупниот криминал во Република Македонија, направен во последните години, а Јанева да не подлегнува на партиски влијанија и притисоци од ниедна страна. Груевски после декември ја напушта владата и никогаш повеќе нема да стапне во неа како премиер. Од април, обврска на сите ќе биде да се изврши комплетно демонтирање на системот на ‘груевизмот’, враќање на слободата и демократијата – порача лидерот на ЛДП.