Милевски: Не сме аутсајдери против Италија

by fokus

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски оцени дека „црвено – жолтите“ не се аутсајдери против Италија, иако актуелниот европски првак е фаворит во полуфиналната пресметка во мундијалскиот бараж.

– Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние. Покажавме во текот на квалификациите дека имаме квалитет, како и сите други учесници во баражот и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме, изјави Милевски во својата прва реакција на вечерашната жрепка за мундијалскиот бараж во седиштето на ФИФА во Цирих.

Натпреварот ќе се игра на 24 март, а Италија ќе биде домаќин.

Поврзани новости