Милевски: Нас не ни е толку важно името на новиот премиер, туку како ќе продолжи новата политика

by Fokus

Некој кога ќе сака да земе се, може на крајот да остане ништо и тоа е пораката која што граѓаните ја испорачаа на овие избори, нагласи Горан Милевски, претседател на ЛДП во „Утрински Брифинг“.

Милевски додаде дека и покрај големите притисоци за да не победи кандидатот на ЛДП во Шуто Оризари, сепак ЛДП победи.

– Направија повеќе грешки од власта и поради тоа се овие резултати кои што ги добија на овие избори, рече Милевски.

Милевски посочи дека дојде време кога треба гласот на ЛДП да се слуша повеќе.

-Од Владата ЛДП беше доведувана пред свршен чин за некои работи, кои што ги дознаваа од новинарите еден ден или неколку часа претходно. Но на тоа веќе е завршена работа. Нас не ни е толку важно името на новиот премиер, туку како ќе продолжи новата политика, рече тој и посочи дека ќе го слушне мислењето на коалициопните партнери оваа недела.

Тој сака да се трансформира СДСМ, сака да се трансформира и Владата.

-Имаме уште 2,5 години. Ако ова парлемантрано мнозинство има искрени намери да ги промениме работите, тогаш граѓаните тоа ќе го видат, но ако продолжиме на овој начин, дури и порано ќе има промена на Владата, рече тој.

Поврзани новости