Милевски ќе ја депонира оставката, ЛДП ќе предложи нов кандидат за министер

by fokus

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Горан Милевски денеска се очекува да ја депонира својата оставка до Владата.

Милевски се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер.

Новиот министер, според Милевски, нема да биде од редовите на пратениците.

– Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски.

Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година.

Поврзани новости