Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски нема да си даде оставка по највисокиот пораз во историјата кој репрезентацијата го доживеа вечерва од Англија со 0-7.
На прес конфернцијата по натпреварот, Милевски и се извини на целата јавност за катастрофалниот пораз, но додаде и дека тој не се откажувал, како што рече, веднаш.
-Пред да почнам со пресот, сакам да ѝ се извинам на целата нација, во мое лично име и во името на играчите. Јас испраќам повик до играчите, јас одлучувам кој ќе игра, така што сакам да се извинам до целата македонска нација, посебно до оние кои дојдоа.
Истовремено, голема благодарност и до нив затоа што допатуваа да не бодрат на овој терен.
Играчите се истите од претходно, од Италија и Португалија, јас сум истиот. Се случуваат и вакви лоши моменти, мора да преземеме сите одговорност, но јас немам карактер да се откажам веднаш.
Не сакам да сме силни кога ќе дојдат убави и победнички моменти, туку во вакви тешки моменти. Мора сите да ја поправиме нашата слика и да бидеме подобри, рече Милевски.