383
Техничкиот премиер Емил Димитриев да се однесува сериозно за функцијата што ја извршува и да му даде целосна поддршка на Специјалното јавно обвинителство во откривањето на криминалот и корупцијата во редовите на власта, бара лидерот на ЛДП Горан Милевски.
– Советот на јавни обвинители да престане да делува како партиска експозитура на ВМРО-ДПМНЕ, туку да се однесува соодветно на нивото на функцијата која што треба да ја извршува – изјави Милевски на синоќешното собрание на општинската организација на ЛДП во Кисела Вода.