Милевски: Без никаков повод почна да ме удира со тупаници по главата

by fokus

Пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски, раскажува за вчерашниот инцидент кога беше нападнат од непознато лице на плоштад Македонија. Вели дека немало никаков повод за нападот и дека по ударите морал да побара лекарска помош, поради што отишол во болница, а случајот го пријавил и во полиција.

-Додека се движев по плоштадот, непознато лице ми се приближи и почна да ме удира со тупаници по главата. Успеа да ме удри неколку пати по што го оттргнав од себе. Присебноста не ми дозволи да му возвратам во тој момент и добро е што избега, бидејќи не знам како ќе завршеше целиот настан – изјави Милевски за „Слободен печат“.

Инцидентот го потврди и Министерството за внатрешни работи.

– Во 16:30 часот Г.М. во полицијата пријави дека додека се движел по плоштадот Македонија бил нападнат од едно лице, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

 

 

Поврзани новости