Светски познатиот виолинист од Србија, Стефан Миленковиќ ќе одржи гала концерт во Скопје со Македонската Филхармонија на 23-ти март.
Тој ја започнал својата кариера на 5-годишна возраст, но го привлече вниманието на светската јавност на свои 10 години, кога по покана од Белата куќа настапи на т.н. Божиќно шоу, пред тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави – Роналд Реган.
Веднаш потоа, започна неговото интернационално претставување и беше нарекуван чудо од дете, поради големиот талент. Има настапувано со најпознатите оркестри од светот, добитник е на многу награди и признанија, како за изведувачка, така и за хуманитарна дејност.
Концертот на Миленковиќ ќе започне во 20:30 часот, а влезниците се продаваат по цени од 1.200, 1.500, па се до 1.800 денари.
Вики Клинчарова