Граѓанското движење за одбрана на Македонија, чиј член е и новинарот Миленко Неделковски, вечерва ја оддржа својата петта трибина во Кавадарци.
Оттаму, Неделковски за ТВ Сител изјави дека целта на трибините кои ги организира движењето е оние што на различни начини биле присутни во медиумите да разменеле ставови и мислења со народот, како што вели Неделковски, да се видело дека и движењето го мислело истото.
Запрашан што ќе им порача на кавадарчани, Неделковски одговори: „Ќе им порачам дека оваа финална битка на македонскиот народ со предавниците во своите редови треба да се заврши на начин да треба сите тие предавници, гниди македонски, за жал македонски, да се закопаат длабоко и врз нив да се стави една дебела, силна, армирана, бетонска плоча за веќе да немаат никакво влијание врз ова што се случува“.
Неделковски кажа и дека се согласува со Сашо Орданоски дека во Македонија има битанги, а тие според него биле токму Орданоски, Зоран Заев, Бранко Героски и други.