595
Миленко Неделковски во својата вчерашна радио-емисија соопшти дека еднострано ја раскинал соработката со телевизија Канал 5 и дека веќе неговата емисија „Миленко Неделковски шоу“ нема да се емитува на оваа телевизија.
Неделковски како причина за ова наведе дека бил цензуриран од страна на Канал 5, особено во последните две години откако започна политичката криза.
Рече дека само во последнава година му биле забранети четири емисии, односно Канал 5 не ги емитувала. Според Миленко, сето ова било со цел да се намали неговото влијание, а било под команда на американската амбасада.