Милен Врабевски и Андреј Ковачев поканети на „Мал битолски Монтмартр” и детската изложба „Битола”

by Fokus

Вечерва во Битола започнуваат детските манифестации – 42-ро издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и 41-ва Светска детска ликовна изложба „Битола“, во организација на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј”.

Се очекувало доаѓање на над сто гости на колонијата, а главен финансиер на настаните е Милен Врабевски од Бугарија, познат во Македонија како човекот кој ги финансираше бугарските клубови во Битола и Охрид, именувани според контроверзни историски ликови.

Врабевски бил член на Меѓународниот управен одбор на „Малиот битолски Монмартр“ и претседател на комисијата за развојни програми со ЕУ и УНЕСКО, а за двете манифестации донирал 17.500 евра.

Веста за донирана сума беше објавена на страницата на Фондацијата „Бугарска меморија“ чиј основач е Врабевски.

Инаку, Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” во Битола е основано од ликовниот педагог коста Хаџи-Антоновски во 1968 година.
По неговата смрт во 2021 година за негов наследник од страна на Управувачкиот одбор во 2022 година била избрана неговата ќерка Елена Хаџи-Антовска, а пак нејзиниот сопруг Славчо Неделковски е претседател на Управниот одбор на детското ликовно студио ,,Св. Кирил и Методиј” Битола и координатор на меѓународниот управен Совет на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр”.

Во опширно интервју за порталот Трибуна.мк, Неделковски раскажува како се запознал со Врабевски во 2022 година, кога тој им дал поддршка за време на настан во Софија.
Вели дека не може да даде детален одговор зошто Врабевски решил да помогне, но според него тој помагал без политичка позадина.

За бугарскиот клуб во Битола, раскажува дека апсолутно не му било грижа каков бил клубот, бидејќи бил отворен законски, а сега затворен според закон, и тоа не бил нивни проблем.

-Не е ментално добро да се туркаат вредностите на ЕУ за Европа без граници, а овде да се подигаат ѕидови меѓу два соседни и братски народи. Апсурдно е. Колку е апсурдно да не обележуваат како пробугарска организација. Сите проекти со Врабевски се меѓу организации од Бугарија и Северна Македонија и бугарски и македонски ученици.
Ниту, пак, наша работа е да ги лекуваме националистичките политичари од двете страни на границата. Децата се среќни и се дружат. А знаете зошто е тоа добро? Затоа што има само едно добро! Ако не постоиме ние и таквите како Врабевски… еден ден националистичките политики ќе бидат минато, но кому ќе му ги оставиме нашите држави? Па младите масовно не напуштаат – посочува Неделковски за „Трибуна.мк“.

Открива дека ги поканил Милен Врабевски и Андреј Ковачев на свеченото отворање на 23-ти мај на двата меѓународни детски настани. Биле поканети и 100 амбасадори, конзули и јавни функционери.

-Поканите до сите споменати се од соработка или почит, но конкретно до Врабевски доставивме писмо и до Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, каде што ја прикачивме и поканата. Врабевски зазема значајна позиција во нашиот Меѓународен одбор на директори за реализација на двата настана кои за прв пат ги промовиравме во 2022 година токму на први ноември.

За нас нема дилема дали претседателот на комисијата за развојните програми на Европската Унија и УНЕСКО треба да биде во Битола на 23-ти мај-раскажува Николовски, и додава дека искрено очекува без проблем присуство на Врабевски на настаните во Битола.

Вики Клинчарова

Поврзани новости