Миле Кузмановски: Нема успешна изведба ако не се пее без многу емоции!

by fokus

„Налеј, налеј“ е песна која се пее со многу емоции и без нив нема успешна изведба, песна која често и со огромно задоволство ја изведувам на моите настапи.
Верувам дека преку овој проект ќе успееме убавата македонска песна да ја доближиме до младите луѓе. Јас песната ја сакам и ја чувствувам, и верувам дека и публиката ќе го препознае тоа- истакна фолк музичарот Миле Кузмановски, кој е дел од музичките имиња вклучени во проектот „Македонијо во срце те носиме“, а чија изведба е всушност третата по ред нумера која е промовирана.

Песната со која тој е дел од патриотскиот музички проект, „Налеј, налеј“ е македонска народна песна, чии стихови според достапните податоци се напишани во далечната 1903 година и посветени на љубовта на гемиџиите, а за која овојпат аранжманот го потпишува Николче Мицевски. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот, кој ги содржи некои од најубавите македонски патриотски песни, стои Скендеровски продукција.

Изминатиот период беа промовирани првите две песни од проектот, во изведба на Ламбе Алабаковски и Огнен Здравковски. Покрај нив и Кузмановски, помеѓу изведувачите се предвидени Наум Петрески, Сузана Спасовска, ДНК, Андријана Јаневска и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости