Миле Јанакиески пренесен во приватна болница

by Fokus

Миле Јанакиески од истражниот затвор Шуто Оризари е пренесен во приватна болница каде што треба да се види дали ќе му се прави оперативен зафат на поранешниот министер за транспорт и врски, кој е притворен поради неодговорно доделување на државни плацови.

Според неговите адвокати, тој ќе мора да биде опериран, а неофицијално станува збор за проблеми со преткомората на срцето. Јанакиески минатата недела имал лекарски преглед, по што било дијагностицирано дека има потреба од итна интервенција на срцето.

Тој досега три пати беше во притвор во Шутка по разни основи, а до пред една недела штрајкуваше со глад, кој го прекина откако така му беше препорачано од лекарите.

Поврзани новости