145
После шест години во затвор, денеска на слобода излегува Миле Јанакиески.
Од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупат беше во притвор и куќен притвор. Во јули минатата година беше прво во Идризово а потоа во Шутка.
Јанакиески доби условен отпус, одлука што ја донесе Апелација.
Јанакиески го гонеа во неколку судски случаи. Тој секојдневно со полиција беше носен и враќан од суд. По бегството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, заврши во притвор. За незаконскиот притвор се произнесе и Европскиот суд.
Ексминистерот претрпел штета поради притворите и државата треба да му плати отштета од 3.900 евра, пресуди Европскиот суд за човекови права.