694
Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс министерот за образование Спиро Ристовски се двајцата осoмничени кои се приведени за настаните за 27 април, дознава „Фокус“.
Денеска заедно со нив беше приведен и пратеникот Трајко Вељановски.
Според нашите информации, двајцата по кои се трага се поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија и доби азил и Никола Бошковски, кои веќе подолг период е во бегство во Грција.