На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ќе му се суди во случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство, каде е осомничен за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште.
На последното рочиште одбраната на Јанакиески побара изземање на вештачењето на доказна документација изработена од СЈО, бидејќи вештото лице во моментов е директор на Агенцијата за катастар на недвижности, а неговата ќерка работи во СЈО. Според нив вештачењето е пристрасно.
Јанакиески во „Топлик“ се товари дека како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.
Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.
Со обвинението се опфатени уште пет лица.