742
Режисерот Владимир Милчин во вчерашното гостување на „Само вистина“ порача дека на нашата држава и е потребен попис, кој не е спроведен од 2002 година.
„На Македонија 18 години и фали нешто многу важно, односно попис. Не знаеме колку луѓе живеат во Македонија. Тоа отвора сериозни сомнеж и ако го додадете хакирањето во ДИК, како да имаме доверба во резултатите од изборите и дека имаме легитимно избрано Собрание. Индиција се и деновивете во кои се броеја гласовите. Ние имаме нерегуларни избори и ќе имаме чудна нефункционална влада, која не работи во интерес на граѓаните, туку партиите и бизнисот, кој е залепен за нив“, рече Милчин.