Милчин изгуби верба во Заев

by fokus

Професорот и театарски режисер, Владимир Милчин, веќе некое време ја критикува актуелната Влада и изразува разочарување. Со последниот свој статус на социјалната мрежа Фејсбук, Милчин пишува дека изгубил верба во Заев.

„Признавам дека верував во Заев. Признавам дека се излажав. Признавам дека сакав да верувам дека Заев е во ред, а дека тие околу него не чинат. Признавам дека веќе не верувам во Заев“; напиша тој.

Милчин беше еден од најжестоките критичари на претходната власт и ги поддржуваше протестите на Шарената револуција, кои доведоа до промена на власта и формирање на нова Влада предводена од СДСМ.

Поврзани новости