Милчин: Дното е допрено

by fokus

Професорот и поранешниот прв човек на Фондацијата Отворено Општество, Владимир Милчин, со доза разочараност од актуелната Владата ги коментира одлуките кои се наредија, како амнестијата на обвинети за 27 април, измените во Кривичниот законик, како и можното пуштање од притвор на Мијалков и Камчев.

-Дното е допрено. А под него има уште едно. И уште едно. Под дното има бездна – пишува Милчин на својот фејсбук профил.

За Милчин и дел од јавноста е неприфатливо да продолжи неказнивоста и да нема одговорност за оние што го злоупотребуваат системот во претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Активисти и членови на Шарената револуција, со помош на која СДСМ дојде на власт, остро ги критикуваат последните случувања кои упатуваат на политички пазар меѓу владејачката партија и обвинетите поранешни функционери.

Поврзани новости