678
Според првичните неофицијални резултати на хрватската Државна изборна комисија, на претседателските избори, од пребројани 28,59 отсто од гласовите, во водство е Зоран Милановиќ за кого гласале 32,02 отсто од избирачите.
Втора на според бројот на гласови и кандидатката на ХДЗ и актуелна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ со освоени 27,99 отсто. Трет е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 21,78 отсто. Пребројувањето на гласовите продолжува.
Според овие првични објавени резултати, Хрватска најверојатно новиот претседател ќе го избере во вториот круг кој би се одржал на 5 јануари.