Милановиќ: Прејде во навика Македонија „да се шутира“

by fokus

Северна Македонија ги исполни сите демократски услови за почеток на пристапните преговори со ЕУ, но се прејде во навика земјата „да се шутира“ кога и да му одговара тоа некому, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако официјална Софија ги осуди неговите изјави за бугарската политика кон европската интеграција на земјата.

-Тоа не е во ред. Таа држава и тој народ досега платија доста висока цена. Тие играат по правилата и се за пример. Ги исполнија сите демократски услови што човек може да ги замисли, а тоа се повеќенационални заедници во кои има многу Албанци и таа соработка е за пример – рече денеска Милановиќ.

Хрватскиот претседател потсети дека земјава, меѓудругото, го променила и името на барање на Грција.

– Конечно ги примија во друштвото на мртвите поети и сега доаѓа оној услов кој навистина е влегување во интимниот простор. Тоа не се прави во 21 век. Тоа апсолутно не е основа за утрешниот соживот во Европската Унија – рече Милановиќ, додавајќи дека земјава е жртва на недостиг на интерес и основна емпатија.

Инаку, поради ваквиот негов став, хрватската амбасадорка во Софија, Јасна Огњановац, вчера е повикана на разговор во бугарското МНР.

Поврзани новости