445
Зоран Милановиќ и официјално е нов претседател на Хрватска, откако точно напладне даде свечена заклетва со која се обврза дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно.
Милановиќ заклетвата ја прочита на мала церемонија на Пантовчак, во присуство на своето семејство, на сега веќе поранешната претседателка Колинда Грабат-Китаровиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и други државни функционери.
Во говорот, Милановиќ кажа дека за време на својот мандат ќе работи на обединување на цела Хрватска и дека ќе гради добри односи пред се со соседните држави.
Притоа, тој се осврна и на потребата за унапредувањето на демократијата, на независноста на медиумите, судството, патриотизмот…