Претседателот на Хрватска – Зоран Милановиќ денеска изјави дека нема причина неговата земја да не ја признае државата Палестина.
– Цела низа земји ја признаа Палестина, вклучително и некои од земјите од поранешна Југославија, но Хрватска молчи, а за мене признавањето на Палестина е морално прашање и нема апсолутно никаква причина или оправдување за непризнавање на палестинскиот народ. Зошто Хрватска молчи?, изјави Милановиќ на годишната конференција на хрватските дипломати во Загреб, пренесува „Index.hr“.
Повеќе од 140 од 193 земји-членки на ОН ја признаваат Палестина како суверена држава, вклучувајќи ги Србија, Кина, Русија, Јужна Африка, Бразил и речиси сите африкански земји.
Во мај Словенија ја призна Палестина, а истото го направија Ирска, Шпанија и Норвешка во јули.