Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, преку видео-порака објавена на социјалната мрежа Икс, повикува македонските граѓани на изборите на 8 мај да гласаат за актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски.
Милановиќ, обраќајќи им се на македонските граѓани, вели „на 8 мај повторно излегувате на гласање за да одлучите кој ќе биде претседател на вашата држава во вториот круг на претседателските избори“. Вашиот избор, додава тој, ќе го одреди правецот во кој, во иднина, ќе оди Македонија.
-На Македонија и треба претседател кој ќе биде гласот на сите граѓани, а тоа значи дека ќе биде заштитник на нивните права и ќе биде бранител на државните интереси. Тоа воопшто не е едноставна ниту лесна задача, но уверен сум дека Македонија има човек за таа тешка задача. Тоа е вашиот претседател и мојот пријател Стево. Стево и јас, во изминатите години, многу пати сме се виделе и сме разговарале, тој како македонски, а јас како хрватски претседател – рече Милановиќ.
Силни зборови на поддршка од хрватскиот претседател, долгогодишен политичар и пријател на Македонија, Зоран Милановиќ pic.twitter.com/7r5GqVgYQ0
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) May 2, 2024