„Европската Унија постапува некорентно кон Северна Македонија која исполни бројни услови, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на средбата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Загреб.
Тој додаде дека Македонија може да смета на цврста поддршка од Хрватска во остварување на своите цели.
„Европската Унија не е фер кон Северна Македонија. Македонците досега исполнија бројни услови кои беа барани од нив, со цел да ги забрзаат преговорите за членство во Европската Унија. Но, и покрај тоа, и натаму се далеку од членство. Сето тоа покажува дека ЕУ нема искрен пристап кон Северна Македонија“ – рече Милановиќ.
Мицкоски претходно денеска се сретна со премиерот Андреј Пленковиќ, а претставниците на двете земји потпишаа програма за соработка во областа на образованието и здравството.