Претседателот на Републиката Зоран Милановиќ вечерва допатува во Сисак на меч во хокеј на мраз и даде изјави за медиумите, меѓу другото, коментирајќи ги тензиите кои изминатите денови се појавија во јавноста поради неговите изјави за Украина.
-Не е нормално некому безусловно да ветувате. Ако работата се влоши, нашиот народ нема да ризикува и јас ќе одлучам за тоа или двотретинско мнозинство кое никогаш нема да се согласи. За Хрватска уште никој не побарал, а ако бара нека не доаѓаат. Ако се искомплицираат работите, нема да одат никаде, ќе бидат во Хрватска затоа што Хрватска плати превисока цена. Никој не ѝ помогна на Хрватска, не ја ослободи НАТО и не сме должни да му бидеме овци што колективно одат на колење. Им праќам голем бакнеж на моите напаѓачи, нека одат во Украина, вели Милановиќ.