Милановиќ: Ако се разгори психоза, децата на богатите ќе одат во училишта со бодликава жица

by Fokus

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ се осврна на трагедијата во Белград и денеска рече дека во случај да се разгори психозата, ќе имаме социјално раслојување што со децении го немавме во Хрватска.

„Оние кои можат да си го дозволат тоа ќе градат училишта за своите деца или ќе ги праќаат во училишта кои ќе имаат два метри бодликава жица и ровови, за заштита од вакви катастрофи“ – рече Милановиќ.

Од друга страна, додаде, квалитетот во државните училишта ќе биде на ниво на оние во САД, каде што живеете – така ви е училиштето.

„Во таа смисла, Хрватска беше успешна приказна. Не само што беше безбедна, се надевам дека сè уште е, туку практично не беше важно каде живеете“, рече Милановиќ.

Хрватскиот претседател рече и дека му изразил сочувство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Момчето очигледно имало план. Некој се спријателил со него со оружје, го научил како да ги решава работите. Се чини дека имал висока стапка на успех во елиминирањето на човечките животи. Тоа го учиш, тој не го научил тоа од телевизија” – нагласи тој.

 

Поврзани новости