526
Оперскиот пејач Игор Дурловски не стапнал во прес салата во Собранието, туку бил само присутен во пленарната сала и холот на Собранието, каде што немало насилство, па затоа не може да се гони за тероризам.
Ова е дел од воведниот збор на адвокатот Еленко Миланов за неговиот клиент Дурловски, обвинет во случајот “Крвавиот четврток”.
– Ќе докажеме дека Дурловски во Собранието влегува по 30 минути откако толпата народ е веќе внатре. Тој таму е присутен како и голем дел на граѓани. Освен неговото присуство не постои ниту говор на омраза, ниту повикување на насилство. Во пленарната сала нема насилство, па затоа каде е умислата на Дурловски за терористичко делување, истакна Миланов.