Милан Ристески повеќе не е директор на Онкологија, беше во Собранието на крвавиот четврток

by Fokus

Милан Ристески повеќе не е директор на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија. Тој е разрешен од директорската функција, со што оттука започнува смената на првите луѓе на скопските клиники.

Тој беше дел од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, а беше и учесник во Собранието на 27 април, кога се случија крвавите настани во Законодавниот дом, кога беа претепани пратенците од парламентарното мнозинство.

Во наредниот период се очекува да продолжат директорските смени на скопските клиники, па така и актуелната директорка на скопската Клиника за Гинекологија, Марија Хаџи-Лега во најскоро време ќе го напушти директорското столче, а на нејзино место најверојатно ќе седне доктор Викторија Јовановска. 

 

Поврзани новости