Милан Поповиќ ја пријави Северина за семејно насилство

by fokus

Адвокатскиот тим на поранешниот партнер на Северина Вучковиќ, Милан Поповиќ ја пријавил познатата хрватска пејачка во Центарот за социјална заштита поради семејно насилство.

Обвинението се заснова на и-мејл што пејачката наводно му го испратила, во кој го нарекува “глупак, психопат кој мора да се лечи на психијатрија, г**нар, злобен, гад, губитник, манијак и криминалец“.

Српски „Блиц“ јави дека Северина во пораката напишала и дека „ќе стори се за да го заштити синот од татко му, дека и се повраќа од него и дека е беден и нула од човек“.

Пред неколку месеци, медиумите пренесоа дека Поповиќ ја добил битката за старателство над нивниот син, но тоа неофицијално, оти судската постапка беше тајна.

Поврзани новости