Калчолигашот Милан со пораз ја започна новата сезона во Серија А. Екипата на Џенаро Гатузо беше поразена од Наполи со 3-2, иако „росонерите“ по првото полувреме имаа водство од 1-0.
Сепак, играчите на Карло Анчелоти на другата страна, покажаа присебност и поголема психичка подготвеност, при што успеаја да постигнат три гола и да ги освојат сите бода на „Сан Паоло“.
Милан го отвори резултатот преку одличниот погодок на Бонавентура во 15-та минута, а Калабрија го зголеми водството на почетокот од второто полувреме. И кога сите очекуваа мирна завршница, Наполи се врати „од мртвите“ и успеа да направи комплетен пресврт.
Најпрво Зјелински намали на 2-1, а по 14 минути, истиот играч постигна втор гол за израмнување на резултатот. Конфузијата во одбраната на „црвено-црните“ беше очигледна во последните минути, а истата капитулираше на 10 минути пред крајот, кога Мертенс ја смести топката во мрежата непречен од никого.