Со звуците на песната ,,А сега адио’’ денес на Алејата на заслужни граѓани на новите гробишта во Белград беше погребан популарниот поп пејач Мики Јевремовиќ – пренесуваат српските медиуми.
На последното испраќање на музичката легенда присуствувале голем број на познати личности од јавниот живот во Србија, помеѓу кои Ивица Дачиќ, Сузана Манчиќ, Бане Обрадовиќ и други. На чело на поворката биле неговите деца, синовите Ѓорѓе и Стефан и ќерката Јелена, а присутна била и неговата поранешна сопруга Соња, со која што беше во брак 30 години.
Мики почина на тринаесетти јануари на седумдесет и пет годишна возраст, како последица од мозочен удар.
Тој беше еден од најпопуларните пејачи во регионот во шеесеттите и седумдесеттите години и зад себе остави многу хитови како „Гркинка“, „Пијам“ „Црвено вино“, „Кога би знаел дека е сама“, „Адио“ и други.
Во Скопје имаше настап пред околу девет години, заедно со Крунослав Слабинац, во хотелот „Континентал“ на забава наречена „Тиквешка вечер на песни и вино“ и тогаш изјави дека во Македонија секогаш бил одлично дочекан од публиката.
Вики Клинчарова