Музичарот Мик Џегер (79) ја запросил поранешната балерина Мелани Хемрик (36), пишува Mirror.
За време на неодамнешното патување во Њујорк, Мелани им се пофалила на своите блиски пријатели дека е свршена.
„Мелани беше во Американскиот балетски театар и им кажуваше на своите пријателки дека е свршена со Мик“, изјави извор за Мирор.
“Таа беше многу јасна дека нејзиниот прстен е веренички прстен и дека сега е негова свршеница. Нејзиното семејство знае дека се свршени и тие се воодушевени. Тие не планираат да се венчаат, но тоа што се свршени значи многу за Мелани. Сите нејзини пријателите се среќни за неа“, додаде пријател на партнерката на Џегер.
Инаку, Мелани и Мик се запознале во 2014 година на концертот на Мик во Токио и набргу потоа почнале да се забавуваат. Пред шест години го добија синот Деверу, осмото дете на Мик.