Претставничката на ОБСЕ задолжена за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ, му пишала на министерот за надворешни работи Никола Попоски, од кого бара брза и транспарентна истрага по неодамнешниот напад на австриска новинарка во земјава.
Мијатовиќ напишала дека на 28 јуни, новинарката Корнелија Кребс, кој известувала за состојбата со мигрантите за австрискиот јавниот сервис ОРФ, била физички нападната од униформиран офицер на границата со Грција кој се обидел да и ја земе камерата и другата новинарска опрема. Кребс за инцидентот ја известила полицијата.
„Овој напад е целосно неприфатлив, што претставува директна закана за слободата на медиумите“, му напишала Мијатовиќ на министерот Попоски.
Таа нагласила дека „истражувачкото новинарство е еден од столбовите на слободата на медиумите и новинарите мора да бидат слободни за да известуваат за прашања од јавен интерес без страв од насилство. Властите треба јавно да ги осудат овие и сите други напади на новинари и медиумски работници и мора да се обезбеди брза и транспарентна истрага. Не смее да постои неказнивост за напади или за закани против новинарите”, напишала Мијатовиќ.