Мијатовиќ ја поздрави одлуката за поништување на лустрацијата на Костова

by fokus

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ денеска ја поздрави одлуката на Управниот суд во Скопје за укинување на одлуката на лустрациската комисија со која беше лустрирана главниот  уредник на Фокус, Јадранка Костова.

„Одлуката на Управниот суд за отфрлање на обвиненијата против Костова е позитивен чекор кон обезбедување на ефективна рамнотежа меѓу целта на лустрацијата и целта кон создавање слобода на медиуми во земјата”, изјави Мијатовиќ.

Управниот суд го поништи решението на Комисијата за верификација на фактите за лустрација на новинарката Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“.

„Во правна ситуација кога оспорениот управен акт е поништен од судот, поништувањето делува наназад (ex tung) од донесувањето на актот, односно се поништуваат сите дејствија кои му претходеле на донесувањето на актот како и сите правни дејствија и последици предизвикани од тој акт“, се наведува во пресудата.

 

Поврзани новости