Мијалков во судница гледаше прилог за лошите услови во затворите

by fokus

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“ во Кривичниот суд на судењето за случајот „Тортура“, односно за нечовечното апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Во судница се гледаат снимки од неколку телевизии, кои известувале за апсењето на Бошкоски, а на барање на адвокатите на Мијалков, наместо само прилозите  за Бошкоски, вестите се гледаат во целост.

Па така, Мијалков, освен што можеше да се потсети како течела акцијата за апсењето на тогашниот лидер на Обединети за Македонија, тој гледааше и прилог за условите во македонските затвори, кој се емитувал на вестите на МТВ. Во прилогот се споменуваат лошите услови, но и најавените реновирања во „Идризово“  и „Скопје“ каде што веќе 20 дена престојува Мијалков.

Во неколку прилози беше виден и екс премиерот Никола Груевски, кој веќе еден месец е во бегство во Унгарија.

Во вестите кои на 6 јуни 2011 година биле емитувани на Алсат М, се виде дека Бошкоски откако е уапсен се држи непосредно во близина на мобилен тоалет, а потоа е легнат на земја.

Поврзани новости