409
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ќе биде во домашен притвор на улицата Салвадор Аљенде на Водно. Како што пренесуваат од МВР, ќе му се прават ненајавени проверки.
– Мерката куќен притвор предвидува ненајавена проверка од полициски службеници, со цел да се утврди дали ја почитува лицето на кое му е одредена мерката. До СВР Скопје од Основниот суд Скопје 1 од СЈО нема пристигнато друго решение за преземање на мерки – велат од МВР.
На Мијалков со одлука на судот му е определена мерка куќен притвор во траење од 30 дена сметано од 29.12.2018.