Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ може многу повеќе и многу подобро од тоа што е сега!

by fokus

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој точно пред две години беше исклучен од партијата ВМРО-ДПМНЕ, денеска се огласи со честитка за денешниот празник.

-Македонија е ВМРО – ВМРО е Македонија !Македонија може многу повеќе и многу подобро од тоа што е сега и ВМРО-ДПМНЕ може многу повеќе и многу подобро од тоа што е сега.

Во генот на секој македонец е врежана борбата која трае од првиот ден на формирањето на организацијата. Организацијата е љубов, идеја, визија, непокор. Организацијата е просперитет, единство, демократски вредности. Организацијата сме сите ние !

Имаме и сила и знаење да се избориме за подобра иднина и на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа им го должиме на оние кои работеа и се жртвуваа пред нас. Тоа им го должиме и на идните поколенија.

127 години ВМРО – 30 години ВМРО ДПМНЕ !

Честит Денот на македонската рецолуционерна борба !

Да ни е вечна Македонија!, напиша Мијалков на фејсбук .

Поврзани новости