481
Љупчо Шврговски, адвокат на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, по денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ најави дека ќе поднесе жалба за мерката за обезбедување која Кривичниот совет му ја одреди на Мијалков.
– Следува постапка околу жалбата на решението на мерката за претпазливост. Сега по процедура ќе треба да се одлучува и за обвинителниот акт, треба да видиме советот како ќе одлучи – истакна Шврговски.
Судот вчера објави дека Кривичниот совет донел одлука со која барањето за определување мерка притвор за Сашо Мијалков се одбива, а му го одзема пасошот.