Мијалков си го бара пасошот од судот, повикувајќи се на случајот со Заев

by Fokus

Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на УБК преку неговиот бранител Љупчо Шврговски доставил барање до судот, со кое бара да му се врати пасошот, кој му беше одземен како обвинет во случајот Таргет и Тврдина.

Како што појасни неговиот адвокат Шврговски, тие во барањето се повикале на судската пракса, а во врска со случајот кога на Зоран Заев му беше вратен пасошот, кој му беше одземен како обвинет во случајот Пуч.

Шврговски додаде дека и по 20 дена од поднесеното барање Кривичниот суд се уште не им одговорил. Покрај Мијалков, да им се врати патната исправа пообарале уште четворица обвинети во предмети на СЈО, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Обвинителката Ленче Ристовска истакна дека тие дале негативно мислење по овие барања бидејќи според неа, ниту една околност не е променета за да им се вратат пасошите.

В.В.

Поврзани новости