866
Сашо Мијалков сепак излегува на слобода, откако Кривичниот суд претходно му одреди мерка притвор за „Плацови на Водно“, дознава „Фокус“.
Ваквата одлука денеска ја донел Апелациониот суд, кој одлучувал по поднесена жалба од Мијалков.
Поранешниот шеф на тајната полиција и пред неколку дена требаше да излезе од притвор , којшто му беше определен за случајот “Трезор”, откако Апелација му ја прифати дадената гаранција од 11 милиони евра.
Но, пo ваквата одлука обвинителката Лиле Стефанова веднаш побара нов притвор за Мијалков за случајот “Плацеви на Водно”. Сега и оваа одлука е укината од второстепениот суд, поради што тој вечерва ќе излезе на слобода.