Мијалков се јави со честитка: Обединети имаме сила да ја поведеме Македонија напред

by fokus

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков по повод денешниот празник објави честитка на својата Фејсбук страница.

Мијалков порача дека Македонија секогаш ги совладувала сите пречки и излегувала посилна.

-Македонија се соочувала и ќе се соочува со многу премрежја и предизвици.
Македонија секогаш ги совладувала сите пречки и излегувала посилна, затоа што ги имала своите синови и ќерки кои не се плашеле да се вложат и жртвуваат за својата татковина.
Верувам дека и сегашнава генерација има патриоти кои имаат и волја и сила и знаење да го дадат својот максимум за Македонија и да ја направат подобро место за живеење.
Нека им е вечна славата на сите кои ги положија своите животи за Македонија.
Обединети имаме сила да ја поведеме Македонија напред.
Нека ни е честит и вековен Илинден !
Да ни е вечна Македонија, напиша Мијалков.

Инаку, тој на осми август треба да се јави на издржување на затворска казна во отворениот затвор во Струга.

Поврзани новости