171
По пауза со статуси од една година, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, се огласи на социјалната мрежа “Фејсбук”.
“ Курбан Бајрам како празник на човечноста, солидарноста и дарувањето, ни го покажува патот на вистинските вредности и не учи дека животот е исполнет само доколку е посветен на правење добри дела и грижа за останатите. Се надевам дека овој голем празник го дочекувате во добро здравје и спокој, во кругот на вашите најблиски. Нека е честит Курбан Бајрам на сите кои го слават и нека донесе благосостојба, љубов и радост во семејствата и многу успеси на професионален план”, напиша Мијалков.