447
По денешните шпекулации дека му е вратен пасошот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, самиот тој за ТВ 21 ги демантираше овие информации.
„Пасошот не ми е вратен од едноставна причина што не сум го ни побарал“- изјавил Мијалков.
Од ВМРО ДПМНЕ синоќа побараа исклучување на Мијалков од партијата, поради, како што истакнаа самите, соработка со власта во гласањето за уставните промени во петокот.